Во планински предел во северниот дел на Индија денеска се преврте автобус во бездна длабока 150 метри, при што загинаа 18 патници, а 14 се повредени, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила на околу 310 километри северно од главниот град ЊуДелхи, а причината за инцидентот се уште не е позната.
Полицијата соопшти дека седуммина од повредените се хоспитализирани во местото Солан, во државата Химачал Прадеш, а неколку од нив се наоѓаат во тешка состојба. Повеќето од жртвите се ученици во локалните училишта.
Патиштата во Индија се едни од најсмртоносните во светот со над 110.000 жртви годишно. Причини за повеќето од несреќите се невнимателно возење, лошо одржуваните патишта и старите возила кои не се сервисираат.