Австриските власти откриле група која во Европа нелегално внела десет илјади мигранти

Од:

Австриските власти откриле турска криминална група, која незаконски внела околу десет илјади мигранти во Западна Европа изминатите десет години, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.

Групата заработила околу 15 милиони евра од транспоротот на Сиријци, Ирачани, Иранци, Авганистанци и Пакистанци.

Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка изјави дека такви криминални активности носат висока заработувача, која е многу поголема од таа остварувана преку трговија со дрога.

Уапсени се десет членови на криминалната група, а против некои од нив веќе се водат судски процеси. По тројца Турци, за кои постои сомневање дека се лидери на групата, се уште се трага.

Шверцерите на луѓе користеле три маршрути. По првата мигрантите се движеле со воздушен транспорт од Истанбул до Црна Гора, од каде биле превезувани со автомобил преку Балканот до Виена. По втората мигрантире патувале по море од Турција до Грција, а оттаму по копно се упатувале до Западна Европа. По третата мигрантите биле транспортирани по воздух од Истанбул до Лвов во Украина и потоа биле пренесувани до Виена.

Освен Австрија, меѓу крајните дестинации на мигрантите биле и Германија, Италија, Швајцарија, Франција и Шведска.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски