Австриските разузнавачи предупредуваат на повторување на бегалскиот бран

Од:

Воената разузнавачка служба на Австрија предупреди на повторување на бегалскиот бран од лани и оваа година, а изразено е стравување дека Австрија би можела да биде соочена со масовно доаѓање на мигранти, пишуваат австриските весници.

Експерти на службата во доверлив документ изразија стравување дека Австрија би можела да стане „чекална“ за 500 илјади бегалци, јави Танјуг.

Службата тврди дека ирегуларната миграција, односно притисокот на Грција нема да попушти, пред се поради тоа што Турција не е кооперативна во спречување на преминувањето на бегалци.

Според австриските разузнавачи бегалците поради речиси блокираната балканска рута можат да почнат да бараат други патишта, на пример преку Црното Море или Јонското Море.

– Доколку мерките за намалување на миграцијата и механизмите за контрола на рутите, кои водат кон Австрија до летото не бидат задржани, Австрија повторно би можела да биде соочена со масовно доаѓање на мигранти. Треба да се појде од тоа дека димензиите од 2015 година се достигнати, односно можат да бидат надминати. Со тоа Австрија би можела да стане чекална за ирегуларна миграција во средна Европа, се наведува во извештајот на Службата.

Во кризниот штаб на австриската војска се стравува дека во Австрија може да дојде до „застој“ на мигранти, доколку Германија не биде подготвена и натаму да прима бегалци.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски