Австриските пратеници за прекинување на преговорите на ЕУ со Турција

Од:

Австрискиот Парламент денеска едногласно ја усвои Изјавата со која се осудуваат апсењата во Турција, се бара прекинување на пристапните преговори на ЕУ со Анкара и се бара реактивирање на мировниот процес со Курдите.

Шефовите на пратеничките групи ја потпишаа Изјавата во која наведуваат дека развојот на ситуацијата во Турција се движи во загрижувачки правец и ја повикаа Владата во Виена, во случај на натамошна ескалација, да побара прекин на пристапните преговори со Турција.

– Кршењата на човековите права не можат да се толерираат, порача шефот на пратеничката група на Слободарската партија Хајнц-Кристијан Штрахе.

Шефот на пратеничката група на Социјалдемократската партија Андреас Шидер истакна дека Парламентот со оваа Изјава упатува јасен сигнал до Турција, Европа и светот дека апсењето пратеници не може да се толерира.

– Имајќи ја предвид актуалната ситуација, членството на Турција во ЕУ е невозможно, порача тој.

Шефот на пратеничката група на Народната партија Рајнхард Лопатка истакна дека основните права и слободи не се нешто за што може да се преговара.

– Европа не може да дозволи да ја уценува претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, потенцира Лопатка.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски