Австриските политичари добиваат се повеќе закани, поради што е зголемено нивното обезбедување.
– Од 2015 година четирикратно е зголемено обезбедувањето на личности. Од мигрантската криза, а посебно за време на пандемијата политичарите добиваат се повеќе закани, изјави шефот на австриската специјална полициска единица Кобра, генерал-мајор Ервин Штрамец.
Доколку Дирекцијата за заштита на државата и разузнавачките служби процента дека некој политичар е загрозен, кобра добива налог да го штити.
Во Австрија само претседателот на државата и канцеларот имаат обезбедување.
Во моментот во Австрија 12 лица имаат постојано обезбедување, меѓу кои се политичари и амбасадори.
Извор: МИА