Австрискиот Парламент ја започна процедурата за одложување на изборите

Од:

Во австрискиот Парламент е покрената процедура за одложување на претседателските избори на 4 декември, кои претходно беа закажани за 2 октомври.

Социјалистичката партија на Австрија (СПО), Народната партија (ОВП), НЕОС и Зелените поднеле предлог за расправа за одложување на изборите.

На тој предлог не се приклучиле Слободарска партија на Австрија (ФПО) и Тим Штронах, кои одбиваат да го поддржат барањето бидејќи сакаат укинување на можноста за гласање преку пошта.

Барањето на поголемиот број партии предвидува измена на законот за избор на шеф на државата, кој стапи во сила во 1971 година. Таа измена предвидува актуализирање на гласачкиот список, со што ќе им се овозможи на граѓаните кои до 4 декември ќе наполнат 16 години да учествуваат на изборите. Исто така, во предлогот се наведува на изборите на 4 декември да се користат коверти во кои се ставаат гласачките ливчиња, користени од 1990 до 2009 година.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник