Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер, позната по своите остри ставови кон азилантите и бегалците заминува од должноста и ќе се посвети на регионалната политика, соопшти нејзината Народна партија.
Партијата (ОеВП) соопшти дека за нов министер го номинира Волфганг Соботка, кој моментално е задолжен за финансии во регионалната влада на Долна Австрија, пренесува Хина.
Микл Лајтнер беше главен заговорник на се порестрикитивната австриска азилантска политика и затворање на мигрантската рута од Грција кон Западна Европа преку Австрија, т.н. балканска рута. Таа беше министерка за внатрешни работи од април 2011 година.