Австриската министерка за труд поднесе оставка поради обвинувања за плагијат

Од:

Австриската министерка за труд, семејство и млади Кристине Ашбахер вечерва поднесе оставка, соочувајќи се со тврдења дека нејзината дипломска работа е плагијат.

„Работата како министерка за труд, семејство и млади ме исполни. Својата работа како министерка ја извршував со целосна посветеност на оваа земја и го дадов најдоброто со мојот тим”, напиша Ашбахер во својата изјава.

Во изјавата таа ги отфрла тврдењата за плагијат, нагласувајќи дека нејзините дела, со кои се здобила со академски титули, секогаш биле составувани со најдобри намери и совест и дека се потпирала на проценката на признати професори.

„Сите тврдења дека го пишував трудот за време на мојот мандат како министерка и дека свесно сум плагирала се подметнувања што ги отфрлам“, нагласи Ашбахер.

Таа вели дека има право на фер судење и дека надлежните институции треба да ги проверат нејзините дела.

Исто така смета дека заедно со нејзиното семејство биле изложени на напади и дека тоа не треба да се дозволи.

„Од таа причина, јас поднесувам оставка. За тоа денеска во личен разговор го информирав канцеларот Себастијан Курц”, нагласи Ашбахер во изјавата.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски