Австријците в недела бираат нов претседател

Од:

Екологист, екстремен десничар и поранешен усравен судија се главни фаворити за победа во првиот круг од претседателските избори во Австрија што ќе се одржат в недела.

Анкетите покажуваат дека на изборите ќе се води неизвесна битка меѓу поранешниот лидер на партијата Зелени, Александер ван дер Белен и кандидатот на екстремнодесничарската Австриска партија на слободата, Норберт Хофер, кои уживаат поддршка на околу 25 проценти од гласовите .

Веднаш зад нив, на третото место. е поранешната судијка на Врховниот суд Ирмгард Грис која на овие избори настапува како независен кандидат. Анкетите покажуваат дека таа можеби се надева на меѓу 20 и 21 отсто од гласовите.

Аналитичарите како значаен момент на овие избори го нагласуваат фактот дека кандидатите на двете водечки партии во Австрија заостануваат зад тројцата фаворити. Така, Рудолф Худсторфер од Социјалдемократската партија на Австрија би требало да освои меѓу 15 и 16 отсто од гласовите, додека Андреас Кол од конзервативната Народна партија на Австрија може да се надева на околу 11 проценти од гласовите.

Иако, шефот на државата има главно протоколарни надлежности, ваквите изборни прогнози би преставувале голем удар за социјалдемократите и конзервативците, кои наизменично или во заедничка коалиција владеат со Австрија од крајот на Втората светска војна.

Доколку се остварат ваквите изборни прогнози, тогаш во вториот круг кој ќе се одржи на 22 мај, најверојатно ќе се најдат екологистот Белен и екстремниот десничар Хофер, кои ќе се трудат на свое конто да ги привлечат гласачите на останатите кандидати.

Главна тема на предизборната кампања очекувано беше прашањето за бегалците и миграциската политика, имајќи предвид дека во текот на 2015 година Австрија прими најголем број бегалци меѓу земјите од ЕУ изразено во процент од вкупниот број на нејзиното население.

Право на глас при изборот на наследникот на актуелниот претседател Ханс Фишер в недела имаат околу 6,3 милиони Австријци.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски