Австрија планира електронски алки за следење осомничени џихадисти

Од:

Австрија размислува за воведување електронски алки за спедење на осомничени џихадисти, кои се вратиле од зоните на борбени дејствија во Ирак и Сирија, изјави австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил.

– Уверен сум дека е сосема соодветно луѓето, кои претставуваат потенцијална закана за безбедноста да бидат следени, таа што властите ќе знаат што прават тие, со кого се среќаваат, рече министерот.

Предлогот за електронски алки го поддржа и министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка.

Овој предлог може да се вметне во нацрт-законот за зајанување на мерките за безбедност и зајакување на имиграциското законодавство, кое сега се разгледува од владејачката коалиција.

Според Министерството за внатрешни работи околу 300 симпатизери на исламистите си заминале или се обидуват да ја напуштат Австрија за да заминат во борби во Сирија и Ирак. Четириесет од нив се убиени таму, а 90 се вратиле во Австрија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Партијата формирана од нацисти победи во Австрија, правењето влада ќе биде тешко

Катерина Ѓуровски

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Големо невреме во Австрија, Виена под вода

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Австрија: Жена и нејзините две деца се пронајдени мртви