Австрија изрази умерен оптимизам за лидерската средба по прашањето за миграција

Од:

Австрискиот канцелар Кристијан Керн се надева дека средбата на врвот, на која тој ќе биде домаќин во претстојниот викенд, ќе ја натера ЕУ да преземе побрзи дејствија за справување со миграциската криза, но не посочи никакви амбициозни конкретни цели за средбата, пренесува БТА. 

Разговорите на утрешната средба ќе се фокусираат на миграцијата на балканската рута, која Австрија и останатите земји до висок степен ја затворија во текот на оваа година. 

Бројот на пристигнати мигранти во ЕУ генерално се намалува, што делумно се должи на Договорот меѓу Унијата и Турција, но неговата иднина е неизвесна. 

ЕУ е разделена по прашањето за мерките кои можат да доведат до трајно решение. 

– Средбата е обид да се забрза процесот на заедничко решение во ЕУ, истакна Керн во интервјуто за австрискиот весник „Стандард“. 

– Неопходно е заедно да одлучиме каде треба да ја засилиме пограничната безбедност, не само во Грција, нагласи тој, без да даде дополнителни детали. 

На Самитот најавено е дека ќе учествуваат грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој не беше поканет на претходниот собир, со што се создадоа тензии меѓу Виена и Атина, претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск, германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Словенија, Македонија, Хрватска, Албанија, Унгарија, Бугарија и Србија.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски