Австриец осуден за убиства за време на Војната во БиХ

Од:

Суд во австрискиот град Линц денеска на 10 години затвор осуди еден државјанин на Австрија со босанско потекло, по обвиненија за убиства извршени за време на Војната во Босна и Хрецеговина во 90-те години на минатиот век.    

Како што јавија австриските медиуми, идентитетот на осудениот 48-годишен маж не е соопштен, поради законските правила за тајност во Австрија.  

Австирецот со босанско потекло е осуден по 16 точки за убиство, три точки за обид за убиство и за опжарување.

Обвинетиот во текот на судскиот процес негираше каква и да е негова поврзаност со делата кои му беа припишувани. 

Според австриските медиуми, обвинетиот се товари за учество во напад на 20-тина босански муслимани врз селото Сердари во 1992 година, при што биле убиени 20 локални Срби, меѓу кои и шест деца, и биле запалени шест куќи.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски