Австралиската полиција во утробата на крокодил, пронашла човечки остатоци за кои се верува дека и припаѓаат на седумгодишното девојче.
Таа во петокот се капела со своето семејство, кога ја загризал крокодилот и ја повлекол во длабочините на езерото, пишува BBC.
Ден подоцна беше уловен три метри долг крокодил, во кој се пронајдени остатоци од човек.
Трагедијата се случила на 500 километри од Дарвин, на подрачје каде што се забележани крокодили, а мештаните веруваат дека локалното езеро не е сигурно за капење, пишува BBC.