Авион се урна во близина на езерото Озарк, има мртви

Од:

Мал авион се урна денеска во шумска област во близина на езерото Озарк во централниот дел на американската сојузна држава Мисури.

Две лица загинаа при падот, додека третото е тешко повредено, пренесе АП.

Починале млади мажи на возраст од 19 и 22 години, додека третиот сопатник (54) е тешко повреден, соопшти полицијата.

Несреќата се случила нешто по 12:00 часот, веднаш по полетувањето на авионот од аеродромот на плажата Осаж.

Мотоциклист кој случајно се нашол во близина повикал полиција и рекол дека авионот паѓа, а спасувачите ги пронашле остатоците во близина на дрво.

Причината за несреќата е под истрага.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма на лет од Британија за Турција: пијан патник тепа стјуардеси и сопатници

Две лица избодени и ранети на летот на British Airways