Авион што превезувал 120 деца денеска принудно слета на аеродромот во Грозни, соопшти Министерството за сообраќај на Чеченија.
Принудното слетување е успешно извршено и нема повредени, јави ИТАР-ТАСС.
Пилотот на авионот пријавил до контролата на летот дефект на еден од моторите 40 минути по полетувањето од Грозни за Анталија, каде децата патувале на летување.
Во тек е истрага за утврдување на причините за дефектот.