Необичен инцидент ги снајде патниците на летот АИ-126 на Ер Индија, кој требаше да ги поврзе Чикаго и Делхи на 6 март, но беше принуден да се врати на местото на поаѓање откако речиси сите тоалети во авионот престанаа да работат.
Летот траеше речиси 10 часа пред да се врати во Чикаго
Боингот 777-300 се наоѓал на надморска височина од 33.000 стапки (FL330) над Атлантскиот Океан, приближно 180 наутички милји јужно од Кулусук, Гренланд, кога пилотите донеле одлука да го прекинат летот и да се вратат назад.
Проблемот настана кога повеќето од тоалетите во авионот не функционираа, а само еден од бизнис класата остана функционален.
Авионот безбедно слета назад во Чикаго по лет од 9 часа и 50 минути, а на патниците им беа понудени алтернативни летови до Делхи.
Според соопштението на „Ер Индија“, летот бил пренасочен поради „технички проблем“, а на патниците им било обезбедено сместување, рефундирање и бесплатни опции за пренасочување.
Иако звучи необично, проблемите со тоалетот не се невообичаени во авијацијата. Може да дојде до блокирање на системот кога патниците ставаат несоодветни предмети во тоалетот, а во екстремни случаи тоа може да доведе до одлука на екипажот да го прекине летот.
Ова не е првпат авионите да се враќаат назад или пренасочуваат поради проблеми со тоалетот.
Во април 2023 година, лет на „Austrian Airlines“ за Њујорк беше принуден да се врати назад откако пет од осум тоалети престанаа да работат.