Аваков: Голем дел од проруските сепаратисти избегаа од Славјанск

Од:

Голем дел од проруските сепаратисти и нивниот командант избегаа од украинскиот град Славјанск, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на соопштение на украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, објавено на неговиот Фејсбук профил.

Славјанск беше бастионот на прорускиот бунт во источна Украина.

„Пред изгрејсонце нашите разузнавачки служби не информираа дека Игор Стрелков и голем дел од борците избегале од Славјанск, внесувајќи забуна меѓу малкумината останати нивни борци во градот“, се посочува во соопштението на Аваков.

Киев го обвинува лидерот на проруските сепаратисти во Славјанск, Игор Стрелков, дека е полковник на руското воено разузнавање, потсетуваат француските медиуми.

Стрелков вчера упати повик за помош кон Москва и предупреди дека без руско содејство Славјанск наскоро ќе падне во рацете на силите на Киев.

Според украинскиот весник „Новости Донбас“, цитиран од ИТАР-ТАСС, во текот на ноќта во Славјанск имало тешки борби меѓу проруските сепаратисти и силите на властите од Киев. На крајот проруските сепаратисти го напуштиле градот во правец на Краматорск и Артемовск.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми