Астронаутите од кинеската мисија „Шенџу-14“ спроведуваат научни експерименти во орбитата

Од:

Вселенската агенција на Кина за истражувања со посада објави видео-снимки од вселената, на кои се гледа дека основниот модул на кинеската вселенска станица е полн со истражувачка опрема за експерименти во орбитата.

Кинеската вселенска станица е дизајнирана да биде сестрана вселенска лабораторија, со можност да опслужува 25 експериментални кабинети за научни истражувања.

Експериментите во орбитата опфаќаат серија научни области, вклучувајќи микробиологија, физика и медицина.

Според кинеските медиуми, тричлената кинеска посада што месец дена се наоѓа во вселената во рамки на мисијата „Шенџу-14“ извршила микробиолошки тестови на примероци вода, воздух и на површини, со цел да се осигура нивна безбедност за време на предвидениот шестмесечен престој во вселената.

На модулот е инсталирана и опрема за намалување и регенерација на јаглероден диоксид во орбиталната купола.

Кабинетите за експерименти инсталирани на лабораторискиот модул „Вентијен“ ќе им овозможат на астронаутите да изведуваат експерименти на молекули, клетки, ткива и органи, со користење различни методи за онлајн-детекција како што се видлива светлина, флуоросценција или микроскопско снимање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американски астронаути се вратија на Земјата по девет месеци минати во вселената

А1он

(ВИДЕО) Четворица астронаути утрово успешно слетаа на Земјата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Кинеските астронаути се вратија на Земјата по историската вселенска мисија

ВИДЕО: Кинеските астронаути за првпат излегоа на прошетка од новата вселенска станица

ВИДЕО: Тројца астронаути се вратија од мисијата на Меѓународната вселенската станица