ВИДЕО: Тројца астронаути се вратија од мисијата на Меѓународната вселенската станица

Од:

Двајца руски и еден астронаут на НАСА денеска се вратија на Земјата по шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица.

Русите Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков и Американката Кејт Рубинс слетаа во степите на Казахстан на околу 150 километри од градот Жежказган.

Рубинс и Рижиков беа во втора мисија во вселената, додека Куд-Сверчков беше во првата мисија.

На снимката, објавена на Твитер, се гледа како Рубинс се смешка додека излегува од капсулата во која се спушти на Земјата.

Таа се враќа во Хјустон, додека нејзините колеги ќе заминат во Москва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Четворица астронаути утрово успешно слетаа на Земјата

Горан Наумовски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри