Асад: Турција и Саудиска Арабија ги подржуваат „терористите“

Од:

Сирскиот претседател Башар Ал Асад рече дека мировниот план на Кофи Анан за завршување на судирите во Сирија го попречуваат разни држави, вклучувајќи ги Турција и Саудиска Арабија, кои ги подржуваат „терористите“.

„Знаеме дека Анан повторно наидува на многу пречки но не смее да се дозволи неговиот план да пропадне, тоа е многу добар план‘‘, рече Асад на германскиот ТВ канал „Das erste.“

Според неговите зборови, најголем проблем е што многу држави не сакаат да успее планот на пратеникот на ОН и арапската Лига, па нудат политичка подршка и продолжуваат да ги помагаат терористите во Сирија со пари и оружје. Асад ги обвини Саудиска Арабија и Катар за помош во оружје на бунтовниците и Турција за логистичка подршка, а потоа и САД кои понудиле политичка помош.

Во меѓувреме Анан допатува на разговори со Асад, ден после признавањето на крахот на неговиот план за завршување на 16 месечните судири. Асад рече дека повеќето жртви во судирите се негови поддржувачи, а не противници.

„Повеќето се луѓе кои ја поддржуваат владата, а голем дел од останатите се невини луѓе кои ги убија припадниците на разни групи во Сирија“, рече Асад.

Меѓу тие групи се Ал Каеда и други исламски екстремисти, рече Асад. Истакна дека владините сили заробиле десетина припадници на Ал Каеда, вклучително многумина од Либија и Тунис.

Водачот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги повика сунитските милитанти да се приклучат на борбата против Асад, чија шиитска малцинска секта Alavite доминира со војската и силите за безбедност.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад