Асад: Разбивањето на терористите во Сирија им нанесе удар на плановите на Западот

Од:

Сирискиот претседател Башар Асад го прими началникот на Генералштабот на иранската армија Мохамад Багери, кој му пренел поздрави од врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хамнеи „по повод победата во војната против тероризмот“, јавија локалните медиуми.

На средбата Асад изјавил дека „разбивањето на терористите во Сирија нанело уништувачки удар врз плановите на Западот за Блискиот Исток“.

– Голем број земји продолжуваат да ги поддржуваат терористичките групи, рекол тој.

Иранскиот генерал изјавил дека „цел на посетата на Дамаск е да се изработи стратегија за координација и воено-техничка соработка со Сирија во нова фаза – по големите успеси на фронтот“.

Багери исто така рекол дека Иран ќе продолжи да ја поддржува власта и народот на Сирија, додека не им биде вратена безбедноста, како и дека ќе помогне за поствоената обнова.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад