Асад: Путин никогаш не побарал да се повлечам од функцијата

Од:

Сирискиот претседател Башар Асад изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, никогаш не побарал од него да замине од власта и покрај притисоците од Вашингтон тој да ја напушти функцијата претседател.

-Тие никогаш не кажаа ниту збор на таа тема, одговори Асад во интервју за американската мрежа “NBC news“ на прашањето дали Путин или шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров зборувале со него за политичката транзиција во Сирија.

Асад кажа и дека не е загрижен и доколку Путин и американскиот државен секретар Џон Кери кој денеска патува за Москва, постигнат договор за неговото заминување од претседателската функција во Сирија.

-Тоа е затоа што руската политика не се базира на постигнување договори. Таа се темели на вредности, рече Асад.
Русија го поддржува Асад, додека САД кои ги поддржуваат бунтовниците во Сирија сакаат тој да поднесе оставка на претседателската функција.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад