Асад остана без својот амбасадор во Ирак

Од:

Сирискиот амбасадор во Ирак, Наваф Фарес му откажа послушност на претседателот Башар ал Асад и се префрли на страната на опозицијата. Тој ги повика и останатоте политичари и воени официјални лица да појдат по неговите стапки, пишува Би-Би-Си.

Фарес е првиот висок сириски дипломат, кој одлучи да го напушти Башар ал Асад, по само една недела откако и сирискиот генерал Манаф Тлас побара прибежиште во Париз.

Фарес својата одлука преку видео соопштеније ја објави на фејсбук и на сателитската ТВ-станица Ал Џезира.

„Ги повикувам сите членови на партијата на Асад да го сторат истото, бидејќи режимот се трансформира во алатка за репресија против народот и неговата желба за слобода и достоинство“, изјави Фарес.

Фарес беше назначен за амбасадор во Багдад во 2008 година.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад