Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска изјави дека враќањето на контролата врз градот Алепо е момент од решавачко значење во сирискиот конфликт, што почна во 2011 година .
Асад изјави дека неговиот режим тргна по патот на победата, пренесоа француските медиуми.
Овие коментари Асад ги даде во интервју за три француски медиуми.
Новинарите од овие три медиуми придружуваат тројца француски пратеници кои се наоѓаат во посета на Сирија.
-Настапи една етапа од решавачко значење во војната и ние се наоѓаме на патот на победата. Оваа победа ќе настапи тогаш кога ние ќе ги уништиме сите терористи, рече Асад за претставниците на телевизијата РТЛ и на радио и телевизијата „Франс енфо“.
„Проблемот е во тоа како да го осигураме ослободувањето на цивилите од оние квартови под контрола на терористите. Се разбира, ние не можеме да дозволиме населението да остане под нивна власт, нешто што е проследено со егзекуции и обезглавувања. Сириската Влада не може да го дозволи тоа. Ете затоа треба да се ослободат луѓето, кои сега се под власта на терористите“, изјави Асад.