Асад нема да дозволи конфликт понеѓу Сирија и Турција

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за турскиот весник „Џумхуриет“ изјави дека би сакал сириските сили да не го собореа турскиот ловец минатиот месец и нагласи дека нема да дозволи тензиите меѓу двете земји да се претворат во отворен конфликт.

„Дознавме дека авионот и припаѓа на Турција, откако беше соборен“, истакна Асад.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави минатиот месец дека турскиот авион Ф-4 е соборен од Сирија во меѓународниот воздушен простор.

Тој посочи дека авионот летал сам, не бил вооружен и извршувал пробен лет за тестирање на турскиот радарски систем.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад