Асад го освои градот Хафа

Од:

Воените сили на претседател Башар ал-Асад го освоија Хафа, градот во западниот дел на Сирија, кој беше едно од главните упоришта ја сиририските бунтовници.

По жестоките борби и успехот, режимот вели дека градот го „исчистиле од терористи“ и дека мирот повторно се вратил во овој планински град.

Меѓународната заедница стравува дека „чистењето“ има буквално значење и дека тие мислат на масакрите какви што имаше предходно.

Еден сириски опозиционер исто така изрази жалење дека поддржувачите на Асад сега ќе се изживуваат врз локалното население.

Набљудувачите на ОН уште вчера се обидоа да влезат во градот, но се откажаа откако беше пукано на нив.

Двете страни одбиваат да признаат дека во Сирија има граѓанска војна. Асад вели дека неговите сили се борат против терористите, додека бунтовниците тврдат дека на мирен начин само ги бранат своите права.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад