„Асад би можел да употреби и хемиско оружје“

Од:

Поранешниот сириски амбасадор во Багдад, Наваф Фарес синоќа изјави дека претседателот на Сирија, Башар ал Асад би можел да употреби и хемиско оружје, доколку се најде во безизлезна ситуација.

Во интервју за Би-Би-Си, Фарес рече дека таквото оружје „веројатно и досега било употребено“, но ниту даде докази за ова обвинување, ниту посочи каде и кога тоа се случило.

Фарес донеодамна беше првиот амбасадор на Сирија во Ирак, по повеќегодишниот прекин на односите меѓу овие две соседни земји. Тој му ја откажа својата лојалност на актулениот сириски претседател и од пред десетина дена премина на страната на опозицијата, која настојува да го урне Асад од власта.

Во интервјуто Фарес уште тврди дека сите досегашни бомбашки напади на територијата на Сирија се „оркестрирани од режимот во Дамаск во соработка со Ал Каеда“.

Ова е првпат некој да го обвини Асад дека соработува со оваа терористичка мрежа, бидејќи досега тој постојано ги обвинува „терористите и Ал Каеда“ за насилството во Сирија.

Сирискиот дипломат во интервјуто повика и на странска воена интервенција за смена на Асад од власта.

„Тој нема сам и доборволно да се повлече, туку само со употреба на сила“, изјави Фарес.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија