Арапската лига го повика Башар ал Асад да се повлече од власта

Од:

Земјите од Арапската лига го повикаа претседателот на Сирија Башар ал Асад под итно да се повлече од власта, а во замена му гарантираат дека ќе може безбедно да ја напушти земјата, пренесоа француските медиуми, соопшти премиерот на Катар Хамад бин Џасам Ал Тани на прес конференција во Доха.

Во Доха доцна синоќа почна вонредна средба на ниво на министри на Арапската лига.

Ал Тани го повика Башар ал Асад „да ја донесе оваа храбра одлука за да ја спаси својата земја и да се заврши со убиствата и разурнувањата“.

Истовремено со ова Арапската лига ја повика и сириската опозиција и Слободната сириска армија да формираат преодна влада, која ќе го преземе управувањето со земјата по повлекувањето на претседателот Ал Асад, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на катарскиот премиер.

На средбата беше донесена одлука земјите од Арапската лига да доделат 100 милиони долари за сириските бегалци.

Практично, Арапската лига на Дамаск му предлага решение слично на решението за Јемен. Земјите од Советот за соработка во Заливот му гарантираа безбедност на поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех, откако тој доброволно се откажа од претседателската функција и ја напушти земјата.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка