Аракчи: Земјите во регионот треба да бидат внимателни кога застануваат на страната на Америка

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи разговараше со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан, и порача дека земјите во регионот треба да бидат внимателни кога застануваат на страната на Соединетите Американски Држави.

Аракчи размени мислења со својот саудиски колега за „продолжувањето на заговорите и агресивните дејствија на САД и ционистичкиот режим во регионот“, пренесува денеска агенцијата „Тасним“.

Повикувајќи се на целосната подготвеност на Исламската Република Иран да ги заштити суверенитетот, територијалниот интегритет и националната безбедност на земјата, Аракчи изјави дека „на секоја агресија или непријателски чин од страна на САД и ционистичкиот режим, како и на учеството или поддршката од земјите во регионот, моќните вооружени сили на Иран ќе одговорат одлучно и пропорционално, а одговорноста за сите последици што произлегуваат од таквите авантури ќе падне врз оние што се одговорни за нив“.

Би можело да ве интересира

Хамнеи ја зголеми борбената готовност – Иран се подготвува за можен нов конфликт

А1он

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Аракчи: Нетанјаху ги вовлекува САД во уште една војна само за да не заврши во затвор

А1он

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Иран им се закани на сојузниците на САД: Следниот одговор ќе биде поинаков

А1он

Пезешкијан: Иран никогаш нема да се откаже од дијалогот со САД

А1он