Апел за прекин на огнот за време на Бајрам

Од:

Лахдар Брахими, специјален пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија денеска апелираше за прекин на огнот за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, што се прославува на 25 октомври.

Брахими е во посета на Техеран, каде денеска ќе се сретне со секратарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност Саид Џалили, пред да отпатува за Багдад. Меѓународниот посредник вчера имаше средба со шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи.

И иранските власти, покрај Турција, Саудиска Арабија и Египет дадоа предлог за прекин на граѓанската војна во Сирија.

Меѓународниот посредник за Сирија вторпат откако е на функција, е во посета на земјите од регионот. Претходникот на Брахими, Кофи Анан, двапати се обиде да го вклучи Иран во мировниот план за Сирија, бидејќи Техеран е еден од последните сојузници на режимот во Дамаск.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад