Анкета: Повеќето Австријци се против враќањето на Курц на функцијата канцелар

Од:

Големо мнозинство Австријци се против враќањето на Себастијан Курц на функцијата канцелар, покажа анкетата на јавното мислење на Институтот „Јуник Рисрч“ (Unique Research).

Според анкетата, 73 проценти од Австријците сметаат дека лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) не треба повторно да стане канцелар.

Само 22 отсто од испитаниците би сакале да го видат „камбекот“ на Курц во блиска иднина.Приврзаниците на ОВП, 69 отсто од нив, го поддржуваат Курц и сакаат тој да се врати на чело на Владата.

Курц мораше да поднесе оставка поради покренување истрага против него за проневера и поткуп.

Анкетите на јавното мислење покажуваат и дека мнозинството Австријци веруваат дека сигурно има нешто зад обвинувањата.

Само 23 отсто се со став дека обвинувањата се невистинити.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски