Анкета: Европејците сакаат да запре летното и зимското сметање на времето

Од:

Повеќе од 80 проценти од Европејците, кои учествувале во онлајн анкета, сакаат да се укине летното и зимското сметање на времето кое се менува во пролет и есен, објави денеска германскиот весник „Вестфаленпост“.

Во анкетата на Европската комисија, спроведена од почетокот на јули до средината на август, учествувале 4,6 милиони луѓе. Ова е рекордно учество во онлајн истражување на ЕУ. Повеќе од три милиони гласови биле дадени од територијата на Германија.

Од луѓето кои преферирале да престане да се менува времето, повеќето сакаат да остане летното сметање на времето.

Портпаролка на ЕК синоќа изјави дека Европската комисија детално ќе ги разгледа резултатите од анкетата пред да даде какви било официјални изјави.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп на власт

Горан Наумовски