Доколку сега има избори во Германија партијата на канцеларката Ангела Меркел, Христијанско демократската унија (ЦДУ), односно нејзиниот сестрински сојуз на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), нема да биде најголем партиски блок во Парламентот во Берлин.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според резултатите од анкетата на агенцијата ИНСА, кои денеска ги објави весникот „Билд“, во моментов водство е Социјалдемократската партија на Германија (СПД) со 32 отсто, која за една недела имаат раст од еден процентен поен, пред блокот ЦДУ/ЦСУ, чија популарност изнесува 31 отсто.
Според анкетата, трета појачина партија во моментов е екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) со 11,5 отсто, партијата Левица со 8,5 и сојзуот Зелени со 6,5 проценти поддршка.
Поддршката за СПД заначитално порасна откако во декември за партиски кандидат за канцелар беше номиниран екс-претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, кој поради тоа што не е дел од Владата има можност за критики на владините политики, што не се популарни кај граѓаните.
Според анкетата на ИНСА во декември минатата година, ЦДУ/ЦСУ имаа двоцифрена предност пред своите ривали и владини коалиционери од СПД.
Доколку рејтингот на СПД продолжи да расте до изборите закажани во септември и доколку другите две партии со левичарска идеологија Левица и Зелените заедно со социлајдемократите добијат над 50 отсто од гласовите, не се исклучува можноста за формирање нова влада во која ќе нема место за умерените десничари на Меркел.