Анкета: Австријците против понатамошно прифаќање бегалци

Од:

Мнозинство Австријци сакаат целосна забрана за прием на бегалци, се вели во резултати од анкета направена по нападите врз жени за време на новогодишната ноќ во Германија и во Австрија.

Дури 76 отсто Австријци сметаат дека треба да се затворат границите за бегалци, укажува анкетата објавена од весникот Естерајх.

Четириесет и осум отсто анкетирани сметаат дека треба веднаш да се забрани прием на бегалци додека 28 отсто се со став дека во државата може да влезат само уште 20.000 нови азиланти.

Анкетата покажува дека 75 отсто Австријци сметаат дека државата е преоптоварена со бегалци и поради тоа, 76 отсто бараат горна граница за прифаќање подносители на молби за азил.

Австриските власти оваа година очекуваат околу 120.000 подносители на молби за добивање азил.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски