Анан против напад врз Сирија

Од:

Поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан предупреди дека воена интервенција на големите сили во Сирија не би дала резултати и тоа би била голема грешка.

Анан рече дека ситуацијата во Сирија е многу посложена отколку што била во Либија и дека воената интервенција само би ги влошила работите.

Анан беше специјален пратеник за Сирија до август, кога поднесе оставка поради тоа што неговиот мировен план не успеа.

По неговата оставка, републиканскиот кандидат за потпретседател на САД, Пол Рајан изјави дека американската администрација на чело со демократот Барак Обама не требало да чека на продлог на Анан и одложувањето на решенето „му купило време“ на сирискиот претседател Асад.

Анан оцени дека Рајан не е воопшто во право. Според него, давањето надеж на сирискиот народ, додека земјите размислуваат да учествуваат во воена интервенција, само ја компликува ситуацијата.

Судирите во Сирија започнаа во март минатата година, а според неофицијалните проценки, од тогаш загинале повеќе од 33 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад