Американскиот секретар за национална безбедност ќе поднесе оствака

Од:

Американскиот секретар за национална безбедност Џенет Наполитано потврди дека денеска ќе поднесе оставка на функцијата и дека ќе застане на чело на Калифорнискиот универзитет.

Наполитано во писмена изјава за медиумите мусе заблагодари на американскиот претседател Барак Обама за укажаната доверба и за шансата што и ја дал да и служи на земјата како член на неговиот Кабинет.

– Ќе бидам номинирана за иден претседател на Калифорнискиот универзитет, со што ќе дадам придонес во образованието на следната генерација лидери на нашата земја. Му бладодарам на претседателот Обама што ми даде шанса да и служам на нацијата во овој важен период од нашата историја, се наведува во соопштението на Наполитано.

Информацијата за заминувањето на Наполитано претходно ја објави извор во американската Администрација.

Наполитано е секретар за национална безбедност на САД од почетокот на првиот мандат на Обама и е трет носител на таа функција од нејзиното воспоставување по нападите од 11 септември 2001 година.

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД