Американски шпионски сервер има во центарот на Москва

Од:

Еден од серверите на глобалниот систем за следење на податоците на интернет се наоѓа во Москва, објави весникот „Ведомости“, повикувајќи се на претходно објавената информација во британски „Гардијан“ добиена од поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден.


Според рускиот весник, повикувајќи се на презентацијата на Националната безбедносна агенција (НСА) за 2008 година, при што се претставени 700 сервери на системот „ЕксКискор“ (Xkeyscore), меѓу кои и еден во Москва.


– Руските специјални служби не истражиле дали серверот постои и каде се наоѓа, но речиси 100 проценти тој се наоѓа во зградата на Амбасадата на САД во Москва, наведува „Ведомости“, повикувајќи се на неименуван разузнавачки извор.


Весникот посочува дека сервер нема само во земјите каде нема американско дипломатско претставништво.


Руската Федерална служба за безбедност и американската НСА одбија да го коментираат постоењето на шпионски сервер во Москва.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек