Во секташко насилство во Централноафриканската Република во изминатите девет месеци животот го загубија повеќе од 5.000 луѓе, јавуваат американски медиуми.
Тоа е двојно повеќе отколку бројот на жртви објавен во април од Обединетите нации.
Податоците на американски медиуми се врз основа на преживеани, свештеници и групи за заштита на човекови права и хуманитарниработници од 50 најпогодени заедници.
Таа поранешна француска колонија во Африка зафатена е од насилства на Селека или коалицијата на борци од бунтовници муслимани и борци од соседен Чад и Судан.
Од 15 септември ОН ќе имаат мировна мисија во ЦАР каде премиерот имануваше нова влада во која се претставници од бунтовничката коалиција Селека и христијанската милиција анти-Балака.