Американски ловец Ф-15 се урна во Тихиот Океан кај островот Окинава

Од:

Американски ловец Ф-15 се урна јужно од јапонскиот остров Окинава откако леталото се здобило со оштетување за време на летот. Пилотот успеал да се катапултира и е спасен.

Авионот полетал од воената база Кадена и паднал во Тихиот Океан на 115 километри источно од Окинава. Портпаролот на американските сили во Јапонија соопшти дека пилотот бил пронајден и спасен од екипи на САД и на Јапонија.

САД имаат контингент од 50.000 војници во Јапонија, од кои половина од нив се на островот Окинава.

Кадена е една од најголемите военовоздухопловни бази во Азиско-пацифичкиот регион.

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД