Американски борбен авион Ф-16 се урна во близина на Јужна Кореја

Од:

Американски борбен авион Ф-16 денеска се урна во Жолтото Море, а пилотот успеал да го напушти авионот пред падот и подоцна бил спасен од припадници на јужнокорејската крајбрежна стража и морнарица, соопштија военото воздухопловство на САД.

Американскиот авион се урна по полетувањето од воената база Кунсан Ер во Гунсан, 178 километри јужно од Сеул, пренесува Јонхап.

Пилотот бил спасен од јужнокорејската морнарица, во свесна состојба.

Воздухопловните сили на САД не дадоа дополнителни детали за состојбата на пилотот.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

Во мај, американски Ф-16 се урна на обработливо земјиште во близина на воздухопловната база Осан во Пјонгтаек, 60 километри јужно од Сеул, и тогаш немаше жртви, се сеќава Јонхап.

Би можело да ве интересира

Украинците тврдат: „Соборивме моќен руски Су-30 над Црното Море“

Се урна руски авион Ан-2, загинаа двајца членови на екипажот

Горан Наумовски

Пилотот и најмалку еден патник исчезнаа по падот на два авиони во Франција

Горан Наумовски

Загина екипажот на руски воен авион Су-34 кој се урна во Северна Осетија

(ВИДЕО) Воен авион се запали и се урна на Алјаска

(ВИДЕО) Се урна руски воен авион, пилотите се катапултираа