Американската војска следи балон од непознато потекло на небото над САД

Од:

Војската на САД следи мал балон на висока височина кој лебди над територијата на САД, но тој не претставува закана за националната безбедност, соопштија американските власти.

НОРАД, воената команда одговорна за противвоздушна одбрана над САД и Канада, претходно потврди дека го открила објектот и изјави дека лебди на надморска височина од околу 13.000 метри, пренесува CBS News.

Американската команда испрати авиони да го истражат објектот.

„Балонот беше пресретнат од NORAD над Јута, кои утврдија дека не е маневрирачки и не претставува закана за националната безбедност. НОРАД ќе продолжи да го следи и надгледува балонот“, се вели во соопштението на НОРАД.

Дека балонот не претставува опасност за летовите потврди и американската Федерална управа за авијација (FAA).

Американски функционер изјави за CBS News дека балонот изгледа дека е направен од фолија и има мала кутија во форма на коцка која виси под него, но дека неговото потекло и намена сè уште не се познати.

Инцидентот доаѓа една година откако американските власти соопштија дека кинески балон со софистицирана шпионска опрема летал над копното на САД неколку дена.

Пекинг тврди дека балонот требало да собира метеоролошки податоци и дека „скршнал далеку од планираниот курс“ поради силните ветрови.

На крајот беше соборен од американската војска во близина на брегот на Јужна Каролина на 4 февруари 2023 година, а кинескиот балон стана главна дипломатска точка на спор меѓу САД и Кина во тоа време и причина за американскиот државен секретар Ентони Блинкен да го откаже патувањето во Пекинг планирано за тој месец.

Би можело да ве интересира

По соборувањето на балонот, САД додадоа шест кинески компании на „црната листа“

Кина: Наводниот шпионски балон над САД е метеоролошки уред

Деветмина повредени во пад на балон во источните Алпи

Се урна балон во Тексас, се стравува дека нема преживеани

А1он