Индиската полиција соопшти дека 30-годишна Амерканка била групно силувана од тројца мажи во северното индиско одморалиште Манали.
Жената се враќала во хотелот во кој престојувала, по посета на пријател, кога била пресретната од камион со тројца мажи. Мажи насилно ја качиле жената во камионот и ја однеле на одалечена локација, каде ја силувале.
По настанот Американката случајот го пријавила во полиција и поднела тужба. Засега напаѓачите не се уапсени. Полицијата ги блокира сите излези од одморалиштето и ги проверува сите камиони што го напуштаат.