Американците тврдат: Го спасивме едниот пилот од соборениот авион

Од:

По веста дека Иран собори американски борбен авион, од САД пристигнува вест дека еден од пилотите е спасен, потврдија американските претставници за CBS

Според нивните изјави, пилотот е извлечен од американските сили како дел од операцијата за пребарување и спасување што започна веднаш по падот на авионот.

За Амењриканците судбината на другиот член на екипажот сè уште е непозната, додека Иранците соопштија дека едниот пилот е заробен.

Информацијата за соборувањето на американски борбен авион над Иран прв ја објави Axios, повикувајќи се на извори и ирански државни медиуми, а подоцна беше потврдена за Ројтерс од американски функционер.

Доколку овие тврдења се целосно потврдени, ова е првиот американски авион соборен од непријателски оган од почетокот на сегашниот конфликт.

Иранските медиуми претходно објавија снимки и фотографии на кои се гледаат делови од соборениот авион, вклучувајќи го и седиштето за катапултирање, што сугерира дека екипажот успеал да го напушти авионот пред падот. Се верува дека станува збор за борбен авион F-15 Eagle.

Американската војска, Пентагон и Централната команда сè уште не дадоа официјална изјава за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Иран им се закани на сојузниците на САД: Следниот одговор ќе биде поинаков

А1он

Пезешкијан: Иран никогаш нема да се откаже од дијалогот со САД

А1он

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

А1он

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Трамп со остри закани за Иран: Нека се однесуваат како што треба, ќе ја уништам цела нација

А1он