Америка ги предупреди своите граѓани во Русија: Не излегувајте, се подготвува напад во Москва

Од:

Амбасадата на САД во Русија ги предупреди американските граѓани да избегнуваат собири во Москва поради извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови за напад.

Американската амбасада, која постојано ги повика сите американски граѓани веднаш да ја напуштат Русија, не сподели повеќе детали за природата на наводната закана, но предупреди дека граѓаните треба да избегнуваат гужви и да бидат свесни за нивната околина, наведува Ројтерс.

„Амбасадата ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти, а на граѓаните на САД им се советува да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, се вели во соопштението на американската амбасада на својата веб-страница.

Во четвртокот Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија спречила терористички напад на украинските специјални служби во кој учествувал државјанин на Белорусија, кој бил неутрализиран откако отворил оган врз членовите на ФСБ, соопшти Центарот за односи со јавноста.

Се посочува дека во деловите од импровизираната експлозивна направа имало делови произведени во Велика Британија и САД.

Кремљ објави дека односите меѓу Москва и Вашингтон никогаш не биле полоши и дека САД се борат против Русија поддржувајќи ја Украина со пари, оружје и разузнавачки информации.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Московскиот суд издаде налози за апсење на судии на МКС вклучени во случаи поврзани со Русија

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Путин ја откажува посетата на Анкара-не оди без придружба од руски воени авиони во Турција

Предраг Петровиќ