Албанезе предлага итни мерки за запирање на геноцидот на Израел во Појасот Газа

Од:

Експертката на ОН и специјален известувач на ОН за човекови права на окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, најави мерки што земјите-членки на ОН треба итно да ги преземат за да „го спречат израелскиот геноцид“.

Албанезе рече дека мерките вклучуваат „целосно ембарго за оружје“, како и активирање на „морски сили за помош“ за да се пробие израелската блокада, објави Ал Џезира.

Повикувајќи се на резолуција што им дозволува на ОН да интервенираат кога Советот за безбедност на ОН не дејствува поради вето од страна на еден од неговите постојани членови, Албанезе исто така рече дека Генералното собрание на ОН треба да обезбеди „заштитно присуство во Појасот Газа“.

Би можело да ве интересира

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Јордан: Меѓународните трупи нема да се обидуваат да наметнат мир во Газа

Израел доби одобрение да напаѓа цели на Хамас од својата страна на „Жолтата линија“

Нема мир во Газа, за 24 часа загина над 100 луѓе

Најмалку 90 убиени во најновиот израелски напад врз Газа

Горан Наумовски

Најмалку едно лице загина во израелски напад со беспилотно летало во Газа