Ал-Шара од Москва ќе бара да го екстрадира соборениот сириски претседател Башар ал-Асад

Од:

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ќе ја посети Москва во понеделник, и покрај одложувањето на арапскиот самит во руската престолнина на кој требаше да присуствува, објави сириската провладина телевизија.

Како што е најавено, Шаара ќе разговара за континуираното руско присуство во поморската база во Тартус и воздухопловната база во Хмејмим, потврди официјален сириски извор за Ројтерс.

Тој, исто така, официјално ќе побара од Москва да го екстрадира соборениот сириски претседател Башар ал-Асад, руски сојузник, за судење за наводни злосторства против Сиријците, додаде изворот.

Ал-Шара, кој некогаш беше на чело на сирискиот огранок на Ал Каеда, го предводеше нападот на бунтовничката група Хајат Тахрир ал-Шам врз Дамаск во декември минатата година, со кој беше соборен Асад и беше воспоставена нова влада.

Асад избега од Сирија пред падот на Дамаск и доби азил во Русија, каде што и денес е.

Би можело да ве интересира

Ал-Шара: Сирија ќе се држи подалеку од конфликтот со Иран освен ако не биде нападната

Ердоган ги нарече Курдите браќа

Американците започнаа силен напад врз ИСИС во Сирија

(ВИДЕО) Крвава драма во Алепо – девет мртви, десетици ранети во брутално гранатирање

А1он

(ВИДЕО) Масакр во џамија во Хомс, има голем број загинати и повредени

Горан Наумовски

Еден од водачите на Исламска држава е уапсен во предградието на Дамаск