Ал Нусра најавува нова офанзива по повлекувањето на Русија

Од:

Сирискиот огранок на Ал Каеда, Фронтот Ал Нусра, подготвува нова офанзива, изјави денеска неименуван џихадистички командант, неколку часа откако Русија почна да ги повлекува своите сили од Сирија, пренесува Танјуг.

– Јасно е дека Русија претрпе пораз, и во наредните 48 часа Ал Нусра ќе покрене офанзива во Сирија, нагласи командантот на групата.

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти вчера дека Русија ќе започне се повлекувањето на поголемиот дел на своите сили од Сирија, започнувајќи од денеска, со образложение дека нивните сили ги постигнале своите воени цели и изрази надеж дека мировните преговори ќе донесат решение за петгодишната војна.

Мировните преговори меѓу претставниците на опозицијата и сириската влада се продолжени вчера во Женева со посредување на ОН.

Договорот за примирјето во Сирија, кој стапи во сила на 27 февруари не се однесува на екстремистичките групи на ИД и Фронтот Ал Нусра.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад