Повеќе од 50 членови на едно семејство се убиени за време на израелскиот напад врз бегалскиот камп во Џабалија, на северот од Појасот Газа, изјави денеска палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики.
„Само од семејството Кадура во Џабалија, 52 лица беа целосно избришани од лицето на земјата“, рече Ал Малики на маргините на состанокот на арапските и муслиманските министри за надворешни работи во Лондон.
Тој додаде дека има список со имиња на 52 членови на семејството.
„Сите беа убиени, од најстарите, баби и дедовци, до внуците“, рече Ал Малики.