Ал Арабија: Руски брод натоварен со оружје плови кон Сирија

Од:

Руски брод натоварен со оужје плови кон Сирија и во текот на викендов би требало да пристигне во сириското пристаниште Тартус, објави телевизија Ал Арабија.

„Дознаваме дека руски брод натоварен со големо количество оружје планира да се истовари во сириското пристаниште Тартус“, тврди телевизијата.

Според Ал Арабија, бродот испловил од Русија на 6-ти мај и се движи „на сомнителен начин обидувајќи се да ја сокрие својата крајна дестинација“.

Информацијата за западни медиуми ја потврдиле и неименувани дипломати во седиштето на ОН во Њујорк, кои изјавиле дека веста на Ал Арабија е веродостојна.

Изворите во ОН тврдат дека станува збор за бродот „Професот Кацман“, кој плови под знамето на Малта, но е во сопственост на кипрска фирма, која пак е сопственост на руска компанија.

Руската компанија за извоз на оружје „Рособоронекспорт“, соопшти дека „нема информации за тој брод“, како и дека нејзина политика е „да не ги коментира индивидуалните товари, нивната содржина и времето на истовар“.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад