Две топлес активистки ја поминале оградата и влегле во амбасадата на Русија во Стокхолм, за да протестираат против предлог проектот на рускиот антихомосексуален закон.
Обезбедувањето на амбасадата веднаш повикало полиција за да ти отстрани активиските, кои сега се обвинети за напад врз туѓ имот.
Двете жени се поврзани со феминистичката група „Фемен“, а во амбасадата однеле хомосексуално знаме и натпис „Хомосексуална пропаганда на руско тло“.
Поддршка им дале уште двајца активисти кои пред амбасадата извикувале „Геј правата се човекови права“.
Елена Георгиевска